ЕУ недоволно ги применува законите за борбата со трговијата со луѓе
18 октомври 2012Тоа значи дека на 1.000 жители во ЕУ речиси две лица стануваат жртви на принудна работа, соопшти Европската комисија по повод денешниот Европски ден за борба против трговијата со луѓе. Кривичното гонење на одговорните за трговија со луѓе и натаму е на ниско ниво, оцени Европската комисија. Најновите податоци покажуваат дека бројот на осудени за трговија со луѓе во 2010-та година бил помал отколку во 2008-ма година, соопшти Комисијата. Таа забележува дека во Европа постојат закони и соодветни мерки за борба против трговијата со луѓе, но дека сега вниманието треба да се насочи кон нивна примена.
„Мораме законите да ги претвориме во реалност. Имаме обврска – морална и правна, да делуваме и тоа мораме да го направиме во соработка со меѓународните организации, трети земји, невладини организации, приватниот сектор и со сите останати релевантни актери во и надвор од ЕУ. За да ја искорениме трговијата со луѓе мораме да делуваме заедно“, истакна еврокомесарката Сесилија Малмстром.
Резултатите од најновото истражување на Евробарометар покажуваат дека 93 проценти од Европејците сметаат дека членките на ЕУ треба да соработуваат во борбата против трговијата со луѓето. Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе се одбележува од 2007-ма година.