ЕУ министри – Косово
7 септември 2007Реклама
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре водат неформални разговори во португалскиот пристанишен град Виана до Кастело. Централни теми се односите со Русија,како и иднината на Косово,која е одложена за утре и за која се бараат патишта за зачувување на единството на Унијата. На средбата ќе присуствува и преговарачот на ЕУ во Тројката на Контакт групата ,Волфганг Ишингер, кој од прва рака ќе ги информира министрите за напредокот во преговорите за идниот статус на Косово.