1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – министри за надворешни работи и за одбрана

14 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4T

Односите меѓу ЕУ и Русија и блиско-источниот конфликт се главни теми на средбата на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ што денеска се одржува во Брисел. Шефовите на дипломатии во потрага по решение за конфликтот на Блискиот исток разговараат и со своите колеги од Арапската лига. Што се оденсува до односите со Русија, на неколку дена пред самитот на унијата и Русија, дипломатите оценуваат дека релациите се тешки. Денеска во Брисел заседаваат и министрите за одбрана на ЕУ, кои меѓу другото разговараат за мисиите на унијата во Авганистан и на Косово.