1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ министрите разговараа за Иран и Палестина

28 февруари 2006

На вчерашната средба на европските министри за надворешни работи во фокусот се најдоа пред се‘ кризата околу атомската програма на Иран и итно неопходната помош за палестинските автономни власти.

https://p.dw.com/p/Ac8Z
Шефовите на Атомските агенции на Иран и Русија Агазадех и Киријенко
Шефовите на Атомските агенции на Иран и Русија Агазадех и КиријенкоФотографија: AP

Тоа беа долги разговори со малку конкретни решенија. 25-те министри за надворешни работи на ЕУ знаат дека меѓународните теми што вчера ги разгледуваа ќе се најдат пред нив и на следната средба. Тоа го налага впрочем здравиот разум, бидејќи и таму каде што имаше надеж на напредок, мораше да се повлече кочница на скепса. Така министрите мораат да заклучат дека најавите за принципиелна согласност постигната наводно меѓу Техеран и Москва околу спорното обогатување на ураниумот, не и‘ соодветствуваат на реалноста. Информациите што на ЕУ министрите им пристигнаа од руската страна покажуваат многу повеќе дека:

„Решавачки напредок не е постинат. Разговорите меѓутоа ќе продолжат и тоа треба да се случи во втроник или најдоцна в среда во Москва„ – појасни шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер.

Европските министри изразија задоволство што воопшто се водат такви преговори. Но, исто така не го криеја уверувањето дека Иран со актуелната информативна политика се обидува да внесе раздор во меѓународната заедница.

Министрите за надворешни работи на европските 25-мина изразија задоволство од одлуката на Европската комисија да им додели на палестинските власти итна помош од 121 милион евра. Во пакетот финансиска помош се 40 милиони за неплатените сметки за струја, 17 милиони наменети за плати на државните службеници, а остатокот е предвиден како хуманитарна помош. Евро-министрите изрично нагласија дека овој финансиски пакет и‘ е наменет на досегашната палестинска власт, а не на наредната што треба да ја формира победничкиот Хамаз. Франк Валтер Штајнмајер нагласи дека:

„До создавањето на власта и објасвувањето на владината програма немаме намера да сториме што и да е, што би ја суштински би ја оштетило позицијата на палестинските автонимни власти и на претседателот на Палестинците Махмуд Абас.„

Кај министрите и понатаму владее скепса околу насоките на владината политика на Хамаз, кој наскоро треба да го објави составот на владиниот кабинет.

САД ја поздравија одлуката на ЕУ да им одобри итна помош на палестинските автономни власти. Портпаролот на Стејт департментот Адам Ерели позочи дека финансискиот пакет е знак оти сите страни соработуваат за да го одбегнат колапсот на преодната власт и за да го поддржат палестинскиот народ. Повече од половината од 120-те милиони евра се наменети имено за областие на образованието и здравствениот систем на палестинските авотномни подрачја. Нивната финансиска криза драматично се влоши по решението на изралеската влада да ги запре финансиските средства за палестинските автономни власти од даноците и царините поради победата на радикалниот Хамаз на изборите во јануари.