1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ министрите за одбрана апелираат до Белград и Приштина

2 март 2007

ЕУ ги повика Србите и косовските Албанци да најдат компромисно решение за идниот статус на покраината.

https://p.dw.com/p/Abyt
Коордринаторот на европската одбрамбена политика Хавиер Солана и германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во Визбаден
Коордринаторот на европската одбрамбена политика Хавиер Солана и германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во ВизбаденФотографија: AP

На првиот ден од средбата на министрите за одбрана од земјите членки на Унијата во Визбаден, домаќинот Франц Јозеф Јунг, порача да не се намалува бројот војници на НАТО во мисијата за Косово. Стабилноста на Балканот е од суштинска важност за безбедноста на Европа, нагласи Јунг. Филип Славковиќ испрати извештај од неформалната средба на министрите во Визбаден.

За разлика од апелот за останување на војниците на Косово, министрите за одбрана на ЕУ се договорија за постепено повлекување на војниците од мисијата за Босна и Херцеговина. Безбедносната ситуација таму е стабилна, оценија министрите и разговараа за деталите од планот во четири степена за повлекување на моментално 6.500-те војници:

„Овде ќе уследи повлекување на два батаљона со околу 3.500 војници, во натамошниот развој на ситуацијата будно ќе го следиме. Овој прв степен на повлекувањето ќе потрае до август. За натамошните фази од решавачка важност ќе биде развојот на ситуацијата во регионот„ – појасни германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг.

Тој не сакаше да се впушти во коментирање на проценката на босанскиот колега по функција, кој тврдел дека ЕУФОР може потполно да се повлече до крајот на идната година. Тоа ќе зависи од ситуацијата во целиот регион, особено со решавањето на статусот на Косово, нагласи Јунг. ЕУ министрите и на оваа средба му дадода поддршка на планот на Марти Ахтисари, како и на преговорите што се водат во Виена.

„Ги повикуваме обете страни да ги приближат ставовите, затоа што тоа е основа за мирен и стабилен развој во регионот. Особено подвлековме дека од голема важност е европската перспектива, откако ќе се најде решение за статусот. Сегашната мисија за поддршка на правната држава сакаме да ја претвориме во полициска мисија на ЕУ.„

Планирано е мисијата на ОН да ја замени ЕУ. Дали и во независно Косово, како што тоа стои во сегашниот предлог на Марти Ахтисари, тоа не сакаше да го коментира координаторот на европската надворешни и безбедносна политика Хавиер Солана.

„Конечниот предлог уште не е на маса, тоа сакам да го нагласам. Тој ќе му биде предаден на генералниот секретар на ОН, по што за него ќе расправа Советот за безбедност и ќе донесе резолуција. Во неа ќе бидат содржани соодветни барања упатени до ЕУ, за кои сме веќе подготвени. И сакаме да отвориме линија на комуникација со Србија, што ќе и‘ овозможи приближување кон ЕУ„ – порача Солана.

Домаќинот на средбата што продолжува и денеска, германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, дополни дека целиот регион на Заладниот Балкан треба да има европска перспектива.