ЕУ министрите за Иран
16 септември 2006Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана ги информираше министрите за разговорите кои тој ги води со главниот ирански преговарач Али Лаиџани.
„Верувам дека со сигурност можам да кажам дека напредуваме. Тоа не значи дека се е решено . Тоа би било претерано. Но имаме напредок“
Нови моменти околу спорот со атомската програма на Иран , ќе има дури по генералното собрание на ОН во Њујорк наредната недела . Претходно Хавиер Солана ќе има задача и натаму да води разговори со иранските претставници , -истакна претседавачот со министерскиот совет, шефот на финската дипломатија – Ерки Туомиоја:
„ Пакет-понудата е сеуште тука . Се надеваме дека хавиер Солана ќе може да ги доведе преговорите до крај , и на тој начин и да го отвори патото за преговори во ОН“
Што се однесува пак на ситуацијата на Блискиот Исток, по оставките на министрите од радикалниот Хамас и обидите да се формира палестинска влада на национално единство , шефовите на дипломатии гледаат нови можности за регионот. Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос , долгогодишен специјален пратеник на Еу за Блискиот Исток истакна:
„Постои нова динамика во насока на стабилизација , надеж дека како во Израел така и во Палестина “
Министрите не го прифатија австрискиот предлог за поголема флексибилност кон евентуалната нова палестинска влада . Шефот на германската дипломатија , Франк Валтер Штајнмаер истакна дека иако тоа преставува , важна чекор напред од страна на Палестинците , сеуште не се исполнети се направени сите чекори:
„ Можете да сметате на тоа дека палестинскиот претседател Махмуд Абас , добро знае дека можностите за таа влада , како и за продолжување на помошта и обновата доаѓаат во предвид , само кога суштински ќе биде запрено насилството и ќе дојде до признавање на правото на постоење на Израел“