ЕУ и Македонија постигнаа компромис околу реадмисијата
12 април 2007Реклама
Македонија и Европската Унија постигнале компромис во договорот за реадмисија . Се очекува тој да биде потпишан денеска во Брисел изјави за агенцијата МИА главниот македонски преговарач Антонио Санев. Договорот е дел од процесот за олеснување на визниот режим за македонските граѓани за кој преговорите ќе продолжат попладнево.