ЕУ дипломатски: “Договор за името треба да постигнат Скопје и Атина“
13 октомври 2005„Прашањето за името е билатерално прашање и не вреувам дека европскиот придонес би бил продуктивен во овој процес . Поважно е обете земји во близок контакт и дијалог да бараат решение , користејќи се до добрите услуги на ОН“ – порача Еврокомесарот за проширување Оли Рен , еден од вчерашните домаќини на македонскиот премиер Владо Бучковски во Брисел.
Тој на заедничката прес- конференција беше многу порасположен да зборува за процесот на потготовка на мислењето на Европската Комисија околу македонската апликација за членство во Унијата.
„Комисијата ќе се држи до ветувањето и ќе го претстави своето мислење за барањето за членство на 9 ноември . Тоа ќе биде објективна и реалистична проценка на достигнувањата на земјата , а исто така и ќе укажеме на некои недостатоци. Веројатно е и очекувам дека Европскиот Совет за македонската апликација ќе донесе одлука на декемврискиот самит“ – истакна Рен , а во таа насока одат и надежите на македонскиот премиер, нормално откако претходно Македонија ќе добие позитивна оценка од Европската Комисија .
Бучковски со Рен но и со вториот негов домаќин од највисоките редови на европската администрација , Хавиер Солана разговарал и поконкретно за реформите што Македонија ги спроведува во моментов и кон оние кои треба да го насочи своето внимание во иднина :
„Го охрабрив македонскиот премиер и неговата влада да истрајат на курсот за процесот на спроведување на реформите . Многу е важно да се работи на реформа на правосудството и зајакнувањето на административните акапацитети на државата“
Инаку на средбата со координаторот на надворешната и безбедносната политика на ЕУ , Солана , Бучковски изразил благодарност за мисијата Проксима , чииј мандат наскоро истекува .
Покрај средбите во ЕУ , Бучковски вчера во Брисел оствари средби и со генералниот секратар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер и со амбасадорите на земјите членки на Алијансата.
Средбите кои се случуваат во момент кога е јасно дека Македонија ќе мора да сочека за посакуваното членство во НАТО најмалку до 2008-ма година, биле охрабрувачки , оцени Бучковски за ДВ.