1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го поздравува формирањето влада во Северна Ирска

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5v

САД и Европската унија го поздравија формирањето влада на католиците и протестантите во Северна Ирска како почеток на нова ера. По децении непријателство сега постои шанса за иднина во британската провинција, рече американскиот претседател Џорџ Буш. Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмајер рече дека Северна Ирска е пример за тоа дека конфликтите може да бидат решени по мирен пат.

Вчера на свечена церемонија шефот на протестанстаката унионистичка парија Јан Пејсли положи заклетва како шеф на владата.