1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара одговори за кризата на Кавказот

1 септември 2008

ЕУ денеска на вонредниот самит ќе се обиде да изнајде заедничка линија во однос на конфликтот во Кавказот. Останува спорно какви мерки би можеле да бидат преземени против Русија поради воената акција во Грузија.

https://p.dw.com/p/F8J2
ЕУ и РусијаФотографија: DW-Montage/Bilderbox.de

Француското претседателство со Унијата го свика вонредниот самит и од неговата вештина зависи и успехот на собирот. Веќе со самото свикување се поттикнати значителни очекувања. Но, трезвен поглед покажува дека маневарскиот простор на Европејците не е особено голем. Згора на тоа, последните денови различни шефови на држави или на влади искажаа сосем различни ставови во однос на тоа колку остер треба да биде ставот спрема Москва. Францускиот претседател Никола Саркози треба сето тоа да го доведе на една линија, за да се спречи впечатокот дека можеше да се помине и без овој самит.

Согласност постои околу тоа дека мора да се осуди постапувањето на Русија во Грузија, пред се’ нецелосното повлелкување на руските трупи и едносраното признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија од страна на Москва. Тоа, имено, е во спротивност со планот во шест точки, што го издејствува Саркози преговарајќи со Грузија и Русија. Москва не го почитуваше тој договор, а ЕУ денеска ќе инсистира за негово спроведување.

Неповредливост на територијалниот интегритет

Германскит канцелар Ангела Меркел не е единствената што го жигоса едностраниот потег на Москва „Според мое сфаќање, тоа му прортивречи на принципот на територијален интегритет, темелен принцип на меѓународното право, и поради тоа е апсолутно неприфатливо.“

Денеска на самитот треба да биде потврдена неповредливоста на територијалниот интегритет на Грузија, иако сите знаат дека Русија создаде нови факти. Како извесна сатисфакција, на Грузија ќе и’ биде ветена помош во обновата.

Можноста за санкции против Русија ја уфрли во игра францускиот министер за надворешни раборти бернар Кушнер. „Некои сметаат дека се можни се санкции, како и други мерки“, рече Кушнер.

Француското претседателство сега не ќе може да излезе на крај со духот што самото го пушти од шишето, оти како реакција дојдоа се’ нови и нови предлози за тоа како би можеле да изгледаат санкциите, па на крајот француски дипломати рекоа дека на самитот нема да биде донесено решение за никакви санкции. Најверојатна можност е да бидат суспендирани штотуку започнатите преговори за склучување нова спогодба за партнерство со Русија. Но, во ЕУ знаат дека Европејците имаат поголем интерес од една таква спогодба, отколку Москва.

Некои европски држави, како Велика Британија, Полска и балтичките земји посакуваат порака која ќе ја импресионира Русија. Други, пред се’ Германија, пледираат за дијалог. Сега е на потег Москва, ЕУ очекува сигнал, се вели во Брисел.Рускиот претседател Медведев и премиерот Путин на викендот изјавија дека немаат интерес од ново замрзнување на односите, као и дека не помислуваат на затворање на славините за испорака на енергенси кон Западна Европа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема