1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етнички смени во две струшки училишта

Горан Петрески10 февруари 2009

Во две училишта во Струга се воведени етнички смени. Ова е привремено решение на министерството за образование, со цел да се надминат акутните проблеми меѓу учениците од македонска и албанска националност.

https://p.dw.com/p/GqfE
Фотографија: Nikos Pilos

Во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга се воведени етнички смени. Ова е привремена мерка додека да се најде дологорочно решение за проблемот, порачува македонското министерство за образование. На барање на училишните одбори министерството даде и дозвола за воведување редари и поставување видео надзор. Во актуелната ситуација најважна е благосостојбата на учениците, порачува министерството и апелира одлуката да не се политизира и партиите да не ја користат за собирање политички поени.

Повеќе за реакциите на одлуката слушнете од следниот аудио прилог.