ЕТА објави крај на примирјето
5 јуни 2007Реклама
Баскиската сепаратистичка организација ЕТА соопшти дека ќе стави крај на прекинот на огнот, кој беше воспоставен минатата година. Соопштението е објавено во баскискиот весник Бериа. Организацијата веќе го прекина примирјето на 30 декември минатата година, кога изврши бомбашки напад на аеродромот во Мадрид. Притоа загинаа две лица. ЕТА е одговорна за убиство на повеќе од 800 луѓе во последните 40 години.