1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

010310 estland euro-kandidat

3 март 2010

Додека Грција плива во проблеми поради огромниот буџетски дефицит, Естонија со цврст чекор гази во насока на воведување на еврото. Какво е расположението во Талин кон новата валута?

https://p.dw.com/p/MIBv
Фотографија: dpa/PA

Речиси целото производство на полиуретанска пена во едно претпријатие во Талин оди за извоз. Тоа не е проблем, зашто естонската круна е врзана цврсто за курсот на еврото. Практично, еврото е веќе тука, смета Јаан Пуусааг, раководител во претпријатието „Кримелте“. Тој е прогласен за менаџер на годината во Естонија за 2009 година. Тој го сака еврото и го смета за стабилна валута, иако на две илјади километри јужно има турбуленции: „Тоа е навистина проблем за еврозоната - што да се прави со оние кои не се држат до законите и правилата, кои се служат со трикови, како што е Грција? За еврозоната е голем предизвик да организира дисциплина. Но, Естонија е земја од северот, ние сакаме закони.“

Втор обид

Естонскиот премиер сака воведување на еврото во 2011 година. Тоа е негов втор обид. Пред три години не успеа, зашто стапката на инфлација беше повисока од дозволеното. Тоа е важен критериум за воведуавње на еврото. Сега инфлацијата е во дозволени рамки. Андрус Ансип е цврсто убеден дека наредната година се` ќе биде во ред. И државниот буџет е во ред: „Нам не ни‘ требаа пари од данокот за да му дадеме поддршка на банкарскиот сектор. Во ЕУ има само осум или девет земји на кои не им беа потребни даночни средства за поддршка на банкарскиот сектор. Во тој поглед, стоиме сосема добро, но се разбира, порастот се намалува, а бројот на невработени се зголемува.“

Estland Land und Leute Tallinn Sitz des Ministerpräsidenten
Седиштето на премиерот во Домберг, ТалинФотографија: J. Sorges

Економијата во последната година опадна за повеќе од 13%. Сепак, Естонија ќе се држи до сите Мастришки критериуми, кои се предуслов за воведување на еврото. Цената за тоа е висока - државните издатоци мора да бидат драстично намалени. „Колку пари имате в џеб, во моментов, можете ли да ни` покажете?

Околу 750 етсонски круни, односно 50 евра. „Ги сакаме нашите банкноти, но јасно е дека инвеститорите повеќе му веруваат на еврото и тоа е причината поради која сакаме да станеме дел од еврозоната“, вели премиерот Андрус Ансип.

Повеќе од 60% од населението е за еврото

Estland Währung estnische Krone Münzen und Banknoten
Естонците се горди на својата круна, но...Фотографија: picture-alliance/ ZB

Естонците веќе се прилагодуваат на новата валута. Во речиси сите продавници цените се напишани во круни и во евра, иако цената во евра стои десно во аголот со ситни бројки. Естонската круна е национален симбол за граѓаните. Збогувањето со неа ќе им падне тешко: „Припаѓаме кон Европа и затоа сметам дека еврото е добро. Од друга страна, тоа е штета за нашата убава круна.“

„Кога еврото навистина ќе биде воведено ќе има тешкотии, зашто ќе треба прво да се научи како да се однесуваме кон новата валута. Цените сигурно ќе се зголемат.“

Еврото не е чудотворен лек

Во еден хотел во Талин за воведувањето на еврото, пред познати личности од политиката, стопанството и културата, зборува премиерот лично. Повеќето присутни се „за“ воведување на еврото, но има и сомнежи. Писателот Микел Мут вели: „Тоа, без сомневање, е добро за нашата земја, но се будат преголеми очекувања, како новата валута да е чудотворно средство што преку ноќ ќе го промени нашиот живот и ќе ги отстрани нашите економски тешкотии.“

За премиерот Андрус Аспин воведувањето на еврото е цврсто утврдено за јануари 2011 година. Пролетва ЕУ ќе ги објави извештајот за напредокот на Естонија. Тој се надева на препорака. Се` друго за Аспин би било горчливо разочарување.

Автор: Карл Харенброк / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска