Ескалира островскиот спор меѓу Јапонија и соседите
15 август 2012Меѓу Јапонија, Народна Република Кина и Јужна Кореја редовно доаѓа до конфликти поради военото минато на јапонското царство и ривалските претензии врз малите острови во Пацификот. На годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна на 15. август 1945. година спорот ескалира.
Јапонската полиција уапси пет луѓе на еден од островите во Источнокинеското Море за кои спорат Токио и Пекинг. Петтемина активисти дошле од Хонгконг за да поддржат кинески претензии врз островите нарекувани од Јапонците како Сенкаку, а од Кинезите Дјаојуи. Апсењата биле извршени од полицијата на јапонската префектура Окинава. Петтемина се обвинети дека ги нарушиле законите за контрола на имиграција. Тие се дел од седумчлена група. Активистите пристигнале денеска со брод од Хонгконг. Групата е составена од националисти од Хонгконг и Макао кои членуваат во комитет за заштита на островите. Власт над островите има Јапонија.