Ескалација на тензијата во Тајланд
26 декември 2013„Полицаецот беше погоден во градите и донесен во болница со хеликоптер. Тим од доктори се обидува да го реанимира повеќе од половина час“, информираа од Општата полициска болница.
Насилството изби кога демонстрантите се обидоа да влезат во стадионот во тајландскиот главен град, каде претставници на околу 30 политички партии се собраа да се регистрираат за парламентарните избори, кои би требале да се одржат во февруари.
Но, тајландската Изборна комисија денеска (26.12.2013) предложи овие избори да бидат одложени, поради политичките немири во земјата.
„Не можеме да организираме слободни и фер избори во сегашниве околности“, рече на прес-конференцијачленот на Изборната комисија Правит Ратанапиен.
За време на денешните протести, околу 500 демонстранти фрлале со чатали и камења. Тие дури употребиле и камион за да ги турнат оградите околу стадионот. Дел од медиумите јавуваат дека политичарите го напуштиле стадионот со хеликоптер.
Антивладините протести, кои почнаа во ноември, досега се одвиваа главно мирно. Демонстрациите избија кога премиерката Јинглак Шинаватра се обиде да поднесе закон со кој ќе му се дадеше амнестија на нејзиниот брат во егзил и поранешен тајландски премиер Таксин, за кого многумина веруваат дека и натаму има силно влијание.
Демонстрантите веруваат дека пред да се оди на избори се потребни суштински реформи.