1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалација на ситуацијата во појасот на Газа

12 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aw2D

Борбата за превласт меѓу ривализираните Палестински организиации Фатах и Хамас одново ескалираше. Во последните борби бројот на жртвите според болнички извори изнесува најмалку 17 лица. Дописниците известуваат дека во близина на канцеларијата на претседателот на Палестинците и шеф на Фатах Махмуд Абас паднала граната. Куќата на премиерот Исмаил Ханија од Хамас пак била општетена од истрели. Жртви или повредени немало при овие два напада. Претставник на Фатах појасни дека ситуацијата може да се именува само уште со зборот војна. Од јануари 2006 година во борбите меѓу двете групи според проценките убиени се повеќе од 600 Палестинци.