Ескалација на работничките протести во Казахстан
18 декември 2011Насилството во Казахстан продолжува и денеска, во западниот дел на земјата протестите се шират. Во пристаништето Актау утрово стотици демонстранти повторно се судриле со полицијата, претходно до „блиски средби“ дојде во градот Шепти, каде населението запрело и запалило два воза, при што е убиено едно лице, а 11 се ранети.
Од петокот досега во регионот веќе има 12 жртви и над сто ранети. Активистите на организациите за човекови права тврдат дека има 70 загинати и повеќе од 500 повредени.
Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев вчера прогласи 20-дневна вонредна состојба во западниот град Жанаозен, еден ден по судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Пред два дена во Жанаозен избувнаа судири меѓу полицијата и работниците, кои бараат поголеми плати, а се карактеризираат како најжестоки немири кои се случиле во оваа богата со нафта поранешна советска република, откако таа стана независна во 1991 година.
Автор: ЖА/ АТ/ дв/ дпа/ миа
Редактор: Александра Трајковска