Ескалација на насилствата во Ирак
2 август 2012Минатиот месец во напади во Ирак биле убиени најмалку 325, а повредени 697 лица, што го вброи во најкрвавиот месец за последните две години во земјата.
„Зад ваквите ескалации на насилството стојат политички, поврзани со безбедноста и стратегиски причини, а последните имаат поврзаност со сирискиот конфликт, кој и даде нови можности на Ал Каеда за префрлање од Ирак во Сирија, објасни ирачкиот експерт за безбедносни прашања и стратегија Али ал Хајдари. Тој истакна дека политичката конфронтација во Ирак негативно влијае на безбедноста и економијата.
Во текот на изминатиот месец во Ирак загинале вкупно 325 луѓе, од кои 241 цивил, 40 полицајци и 44 војници. Повредени се 697 лица, меѓу кои 480 цивили, 122 полицајци и 95 војници, покажуваат податоците на министерствата за здравство, за внатрешни работи и за одбрана.
Минатиот месец во 27 од вкупно 31 ден биле извршени напади. Најкрвав ден бил 23 јули, кога се извршени 29 напади во 19 ирачки градови со вкупно 113 жртви и околу 260 повредени.
БГ/миа
С. Недевски