1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Есенска прогноза

19 октомври 2004

Порастот на германската економија би можел да запре веќе во текот на идната година. Ова е прогнозата на пет од шест водечки германски економски институти.

https://p.dw.com/p/AeQ3

Германскиот министер за економија Волфганг Клемент овие прогнози ги оцени како доказ за продолженото конјунктурно заздравување во Германија, додека опозицијата и стопанските сојузи реагираа воздражно, со барања за натамошни реформи. Идната година нема да биде лоша, велат водечките институти во есенскиот извештај. Но, тоа наликува на принуден оптимизам зашто реалниот бруто-поризвод треба да порасне за 1,5 насто, по 1,8 во оваа година. Само берлинскиот институт дојде до бројката од 2 насто. Удо Лудвиг од институт во Хале вели:

“Економската политика со агендата 2010 посебно со усвоената реформа за пазарот за работа и во подрачјето на социјалното осигурување постави основи во вистинска насока. Меѓутоа, не треба да се очекуваат брзи успеси се додека реформите не го развијат во целост своето влијание“.

Голема непозната е и останува цената на нафтата. Експертите меѓутоа се надеваат, како што објаснува Аксел Линднер од инситутот во Хале:

“Институтите очекуваат цената на нафтата полека да се намалува и до крајот на идната година да достигне 37 долари за барел“.