Ердоган поентира во арапскиот свет
14 септември 2011Прием во Каиро за новата политичка ѕвезда. Tурскиот премиер Ердоган е на пат да стане нова водечка политичка фигура на Блискиот исток.
Во Египет Ердоган е посебно популарен, меѓу другото и поради тоа што го протера израелскиот амбасадор од земјата и затоа што упорно бара основање самостојна палестинска држава.
При настапот пред Арапската лига Ердоган стави јасно до знаење - убивањето на деветтемина турски активисти од страна на израелските специјални сили при интервенцијата врз хуманитарниот брод за Газа, што се случи минатата година, не е затворен случај.
„Се‘ додека Израел не се извини, се‘ додека не им биде исплатено обештетување на роднините на жртвите, се‘ додека Израел ја одржува морската блокада на Појасот Газа, се‘ дотогаш турско-израелските односи нема да бидат нормални.“
На Блискиот Исток се наѕираат нови алијанси. Израел е соочен со губење на долгогдишните партнери, како Египет и Турција. Денеска Ердоган е во земјата од каде што почна таканаречената арапска пролет - Тунис.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Б. Томсен / Е.М.Фиданоска
Редактор: А. Трајковска