Ердоган доби мандат за формирање нова влада
6 август 2007Реклама
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од претседателот Ахмед Неџет Сезар доби мандат да формира нова влада, две недели по убедливата победа на неговата партија на изборите. Ердоган има 45 дена да ја претстави листата со министри до Сезер, кој според Уставот мора да ја одобри. Ердоган беше принуден да свика предвремени избори поради неуспешниот обид на неговата партија за претседател на државата да го избере министерот за надворешни Абдула Ѓул.