ЕРБАС – прототип
18 јануари 200514 компании веќе нарачаа 149 авиони од овој тип, а на првото место со 45 е авио-компанијата на Емиратите, додека германската Луфтханза нарача 15, од кои првиот ќе биде добиен во 2007 година.
За економичноста и предностите на оваа огормна машина, претстваникот на Луфтханза Клаус Валтер изјави:
“Од една страна е конкурентската предност, од друга е атрактивноста за партнерските линии во Европа, посебно за оние што не сакаат или не можат да инвестираат поради малото присуство на пазарот. За таквите авио-компании и нивните патници ова е посебно атрактивно“.
Хенри Хаселбарт, регионален менаџер на Емиратс Ерлајнс:
“Комфорот на авионот, нови седишта, подобра технологија, подобри системи за забава и така натаму – се е ново.Воопшто не е едноствно да се направи нов авион, а овој е сосема нов, во секој поглед“.
Инаку, на денешната манифестација на претставувањето на прототипот на Ербас А-380 ќе присуствуваат и францускиот претседател Жак Ширак, како и германскиот канцелар Герхард Шредер. За значењето на заедничкиот европски проект во интервју за втората германска ТВ програма, евро-комесарот Гинтер Ферхојген изјави:
“Се покажува дека Европа може се кога сака. Тоа е сосема нова технологија за жешкиот светски пазар. Тоа што токму европска фирма станува светски лиер, како технолошки така и економски, покажува дека ние Европејците немаме никаква причина да ги потценуваме нашите способности“.