Ербас откри пукнатини во крилата на два супер џамбо авиони
19 јануари 2012Од компанијата тврдат дека напукнувањата се на не критични носачи во крилата на двата авиони со по 525 седишта. Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот информираше дека утре ќе издаде барање за превентивни проверки на овој тип авиони од Ербас.
„Ербас нагласува дека овие напукнувања не можат да влијаат на безбедноста на оперирањето со воздухопловот“, изјавија од компанијата.
Напукнувањата се откриени на исти места во двата авиони. Крилата од авионот се произведени во Брајтон, Северен Велс и транспортирани до седиштето на Ербас во Тулуз, Франција за комплетно склопување.
Ербас до сека има испорачано 68 супер џамбо авиони, почнувајќи од Сингапур Ерлајнс, кој го купи првиот авион во декември 2007-ма, па преку Емирати од Дубаи до Квантас Ервејс од Австралија. Други оператори кои користат таков тип на авиони се Ер Франс, германската Луфтханза и Чајна Саутерн.
Авионот што чини 12 милијарди евра е направен од делови произведени во Британија, Франција, Германија и Шпанија и во неговите крила има место да се паркираат 70 автомобили.
Автор: Александар Методијев / ројтерс
Редактор: Симе Недевски