1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ербас пред Боинг

6 јануари 2012

Ербас деветта година по ред останува најголем производител во светот на авиони со повеќе од 100 седишта.

https://p.dw.com/p/13f6J
Фотографија: Fotomontage/AP/DW

Eвропскиот производител на авиони во изминатата година испорачал повеќе од 530 летала. Со тоа Ербас ја надминал самозададената цел од 520 испорачани авиони во 2011 година, велат извори во авиобраншата. Ербас не сакаше да ги коментрира бројките пред неговата годишна прес-конференција на 17 јануари.

Кај најголемиот конкурент, американскиот Боинг, од монтажните хали минатата година излегле 477 авиони. Поради застарените флоти, заострените мерки за заштита на климата, повисоките цени на керозинот и растечкиот број патници во земјите во економски подем, авиокомпаниите во 2011 ги зголемиле нивните нарачки. Најпродаван авион кај Ербас бил модернизираниот авион за кратки и средни дестинации „А320 нео“ на кој Боинг му парираше со неговиот модел „737 МАКС“.

На пазарот за авиони над 100 седишта, Ербас и Боинг практично држат по поливина. Производителите од Кина, Русија и Канада планират до крајот на оваа деценија да им парираат барем во бизнисот со помали летала.

Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ дпа

Редактор: Александра Трајковска