Ербас го испорача првиот А380
15 октомври 2007Реклама
Европскиот авиопроизводител Ербас денеска во Тулуз го испорача првиот гигантски авион од типот А 380. Првиот ваков авион го доби азиската компанија „Сингапур Ерлајнс“. Поради проблеми во изградбата на двокатниот авион, испораките доцнат година и пол. Заради тоа компанијата претрпе огромни загуби, а беа укинати 10 000 работни места. Засега најголемиот патнички авион во светот за десет дена треба да го има првиот комерцијален лет меѓу Сингапур и Сиднеј.