1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Епл го лансираше Мини Ајпед

ЖА/дв/дпа24 октомври 2012

Американската компанија Епл синоќа претстави нова, помала и поевтина верзија на својот популарен тaблет-компјутер Ајпед, со екран кој има две третини од големината на досегашниот Ајпед.

https://p.dw.com/p/16VQr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Популарниот Ајпед на американската компанија Епл сега го има и во помала форма. Долго очекуваниот помал модел на таблет-компјутерот со дијагонала на екранот од 20.1 сантиметар беше презентиран вчера (23.10) во калифорнискиот град Сан Хозе. Во Германија новиот модел ќе се продава за 329 евра но од почетокот на ноември.

Овој Ајпед е реакција на американскиот концерн на растечката конкуренција на пазарот на таблет-комјутери. Ривалите Гугл, Самсунг и Амазон го загрозија таблетот со помали и поповолни производи. Епл синоќа претстави и Ајпед 4, кој и натаму има голем екран. Првата генерација на таблет-компјутери Епл на пазарот ја изведе во 2010 година, откога според сопствени наводи, продал повеќе од сто милиони апарати.