1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енциклика: „Љубов во вистината“

8 јули 2009

Ватикан ја објави со нетрпение очекуваната Социјална енциклика на папата Бенедикт Шеснаесетти. Во неа тој зазема ставови за етиката, развојот, економската и финансиската криза во светот.

https://p.dw.com/p/Ijem
Папата Бендикт Шеснаесетти ја потпиша енцикликатаФотографија: picture alliance/dpa

Во папското послание со наслов „Љубов во вистината“, поглаварот на римокатоличката црква се произнесе за актуелната економска и финансиска криза. Документот има 142 страници и шест поглавија. Во нив папата се осврнува на темите етика, праведност и заедничка благосостојба, развој, миграција, сексуалност и пораст на населението.

Импулс за размислување

Германскиот надбискусп Рајнхард Маркс социјалната енциклика на папата Бендикт Шеснаесетти ја означува како еден вид акцент(повик) до црквата, политиката и општеството. Минхенскиот црквенодостојник и социјален етичар на Германската католичка бискупска конференција притоа смета дека станува збор за важен импулс во времиња во кои се бараат концепти за нов поредок на глобалните настани. „Ова не е некоја жалопојка за лошото во светот, туку еден импулс за размислување и делување, голема верба кон луѓето. Вие можете нешто да направите, глобализацијата не е никаква судбина, туку неа можете да ја моделирате, слободно и одговорно.“

Reinhard Marx, Erzbischof von München und Freising
Надбискупот Рајнхард МарксФотографија: picture alliance/dpa

Папата притоа наново го дефинира поимот развој од аспект на љубовта. Само оној кој има обѕири кон блискиот може да работи одговорно, гласи кредото на папата. Тоа важи за сите луѓе, од банкарите до обичните луѓе. Ова нема врска со непријателска настроеност кон стопанството или критика на глобализацијата, вели надбискупот Маркс. Се работи за преосмислување на постојните институции и економските приоди: „Дури и добивката овде не се гледа како морално лоша, туку како разумна целна ориентација. Но, оправданите интереси, како заштитата на климата, оправданите интереси на работниците на една заедница исто така спаѓаат во концептот на едно претпријатие и на економијата.“ Социјалниот етичар Маркс меѓутоа е свесен дека енцикликата на папата има и недостатоци.

Енцикликата на папата има и недостатоци

Но, професорот Јоханес Валахер зборува за систематски и методски недостатоци. Општествениот етичар на минхенскиот факултет за филозофија смета дека во папското послание недостасуваат централните теми како промената на климата, која ќе преовладува во политичките дискусии во идните години. Само одговорна еколошка глобална политика би одговарала на мерилата на папскиот документ.

Papst Benedikt unterzeichnet Enzylika
Папата ја потпиша енцикликатаФотографија: picture alliance/dpa

Во него недостасува и став за половата рамноправност, смета Валахер: „Жените се примарни носители на развојот според сите научни социјални истражувања, бидејќи тие се примарни во воспитувањето, во образованието, тие се задолжени за згрижување на децата и во земјите во развој. Во документот нема ништо конкретно за тоа.“

Валахер исто така критикува дека во социјалната екциклика на папата нема ништо за улогата и одговорноста на црквата. Но, тој, како и надбискупот Маркс се единствени дека за документот на папата треба допрва да се дискутира.

Автор: Клеменс Финцер / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска