Енигма околу новиот предлог на Нимиц
8 октомври 2005За новата формула денеска расправал државно владиниот врв, а утре на вонредна седница владата на Македонија со присуство на претседателот Црвенковски ќе го разгледува предлогот на Метју Нимиц. Шефот на државата Бранко Црвенковски во денешното обраќање до јавноста не го соопшти предлогот, што посредникот на ОН синоќа во Њујорк им го предал на амбасадорите на Македонија и Грција. Извори од неговиот кабинет за Дојче Веле неофицијално велат дека уставното име на Македонија ќе биде зачувано преку така наречена модификација на двојната формула. Ниту еден друг извор ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација. Македонскиот претсетдал Бранко Црвенковски ќе свика лидерски самит, а не се исклучува наредните денови да биде свикана и вонредна седница на македонскиот Парламент.