1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енергетски самит за Балкан

24 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Azqk

Денеска во Загреб се одржува енергетски самит на земјите од Југоисточна Европа, на кој учествува и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Гостин на самитот е рускиот претседател Владимир Путин кој пред присутните изјави дека руските фирми веќе се вклучени во низа проекти во регионот. „Балканските држави се повеќе се вклучени во европските интеграции, а ние сме подготвени односите со нив да ги градиме преку проектите на Европската унија„, рече Путин. На маргините на средбата ќе има серија билатерални разговори, меѓу нив и со македонскиот претседател. Собирот, чиј иницијатор е хрватскиот претседател Стипе Месиќ, се одржува под мотото: „Енергијата е стока, но специфична„.