Ел Масри во психијатриска клиника
18 мај 2007Реклама
Германецот од либанско потекло Калед ел Масри кој вчера беше уапсен за подметнување пожар е задржан во психијатриска болница. Масри опожарил една продавница во баварскиот град Ној Улм, каде не сакале да му заменат купена неисправна стока. Калед Ел Масри е познат по грабнувањето од страна на ЦИА и префрлувањето во Авганистан каде што мина повеќе месеци во затвор.