1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елцин – реакции

24 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBK

Политичари од целиот свет на смртта на поранешниот руски претседател, Борис Елцин, реагираа со оценката дека си заминал голем државник. Геенралниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја нагалси улогата на Елцин во приближувањето на истокот и западот. Америакнскиот претседател, Џорџ Буш го нарече Елцин историска фигура, додека германската канцеларка, Ангела меркел изјави дека Елцин беше борец за демократија и слобода. Рускиот претседател, Владимир Путин, ги истакна заслугите на неговиот претходник за изградбата на нова, демократска Русија. Од Русија, меѓутоа, се слушнаа и критики на сметка на Елцин, во чиј мандат се случуваше приватизацијата на стопанството и кога почна војната во Чеченија. Елцин беше првиот демократски избран претседател во Русија, кој на фунцкијата беше од 1991 до 1999 година. Тој почина вчера, на возраст од 76 години, од срцев удар.