1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елиминирани „незгодните кандидати“

ЖА/дв/дпа/ртре22 мај 2013

Иранскиот екс претседател Рафсанџани се изјасни за промена на политичкиот курс во земјата, сакајќи повторно да застане на нејзино чело. Но, тој не смее да настапи на претстојните претседателски избори.

https://p.dw.com/p/18bsz
Фотографија: Isna

Комитетот за заштита на уставот, врховното иранско тело надлежно за спроведување на изборите, ги одби кандидатурите на поранешниот претседател на земјата Акбар Хашеми Рафсанџани (на насловната фотографија) и на Есфандиар Рахим Машај, близок соработник на актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад за претседателските избори кои ќе се одржат на 14-ти јуни.

Како што беше претходно соопштено, Комитетот за заштита на уставот ги соопшти кандидатите меѓу 22-ри и 23-ти мај. Утврдена е листата од осум кандидати од која се дисквалификувани Акбар Хашеми Рафсанџани и на Есфандиар Рахим Машај, соопшти вчера по локално време иранското министерство за внатрешни работи кое беше задолжено за собирање на кандидатурите.

Комитетот за заштита на уставот на Исламската Република го сочинуваат шест клерици и шест правни експерти кои индиректно или индиректно ги бира иранскиот верски лидер - ајатолахот. Комитетот има широки овластувања кои опфаќаат и одобрување на кандидатите за претседателските и парламентарните избори, а образложувањата за одбивањето на кандидатурите често се арбитрирани и во минатото одеа од врски со странски разузнавачки служби до недоволно практикување на исламот.

Министерот за внатрешни работи на Иран, Мостафа Мохамад Наџар, објави во саботата на последниот ден од рокот за поднесување на кандидатурите за претседателски кандидат, дека до министерството кое раководи со процесот на прибирање на кандидатурите се пријавилe вкупно 686 лица, од кои 30 кандидатури поднеле жени, најмладиот кандидат има 19 години а највозрасниот 87. Регистрацијата на кандидатите започна на 7-ми мај и во петте дена до 11-ти мај секојдневно се поднесуваа кандидатурите.

Iran Präsidentschaftswahlen Kandidaten Archiv 2009
Ирански претседателски избори 2009, архиваФотографија: jamejamonline.ir

Претходно иранските медиумски аналитичари сметаа дека покрај конзервативецот Саид Џалили, главниот ирански преговарач во преговорите за нуклеарната програма, и поранешниот умерен претседател на Иран, Акбар Хашеми Рафсанџани, кои во последен момент ги предадоа своите кандидатури, најголеми шанси да им бидат прифатени кандидатурите имаат поранешниот преговарач за нуклеарната програма со „шестката" Хасан Раоухани од периодот од 1989 до 2005 година; градоначалникот на иранската престолнина Техеран, Мохамададбакер Калибаф, кој на оваа функција е од 2005 година; советникот на Врховниот лидер на Иран за меѓународни прашања Алиакбар Велајатати; поранешниот командант на Револуционерната гарда Мохсен Резаји, кој на оваа функција беше во периодот од 1981 до 1997 година; поранешниот министер за разузнавање на Иран, Али Фалахијан (во периодот од 1989 до 1997 година); поранешниот прв вицепремиер Мохамадреза Ареф (од 2001 до 2005 година); поранешниот спикер на Меџлисот (парламентот)- Голјамали Хадад-Адел (2004 - 2008) и потпретседателот на Меџлисот, Сејиед МохамадхасанАбуторабифард.

Рафсанџани повеќепати ја критикуваше економската и надворешната политика на актуелниот шеф на државата, Махмуд Ахмадинеџад, кој не смее да се кандидира повторно по два едноподруго мандати. Рафсанџани важи за изолиран по претседателските избори во 2009 година, по кои беа одржани масовни протести поради сомневање во тогашната изборна победа на Ахмадинеџад, кои тој ги поддржа, барајќи истовремено ослободување на уапсените демонстранти.