1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еленовски: никој нема право да донесе одлука за промена на уставното име

Александар Чомовски 18 февруари 2008

Министрите за одбрана на Македонија, Хрватска и Албанија во Вашингтон ќе разговараат за приближување во НАТО - повод за интервју со македоснкиот мкинистер за одбрана Лазар Еленовски на актуелни теми

https://p.dw.com/p/D95X
Македонскиот министер за одбрана Еленовски, на поранешна средба со Генералниот секретар на НАТО ШеферФотографија: MIA
ДВ: Бевте меѓу првите од македонските политичари кои спомнаа дека Нимиц може да излезе со нов предлог. Еленовски: Прво да го видиме предлогот, што претпоставува предлогот, меѓутоа од друга страна навистина треба да се соочиме и да покажеме историска одговорност. Не би сакал да излезе во преден план некоја лажна дилема, којашто за жал во изминатиот период во јавноста доминираше дека ние треба да одлучиме меѓу името и НАТО, тоа е лажна дилема. Пораките од Брисел и Вашингтон се со конотација дека Македонија покажа фелскибилност. Како Вие го толкувате тоа? Никој нема право, прво и во Македонија да размислува и да го потегне прашањето за промена на уставното име, меѓутоа доколку треба да покажеме одредена флексибилност во поглед на користењето на меѓународно ниво, ние треба тоа да го направиме, бидејќи се соочуваме навистина со исклучетелно битен момент, како што е самитот, и треба да го направиме за нашите национални интереси со визионерство и одговорност да го демонстрираме тоа. Треба да знаеме што е најдоброто за Македонија и да ја понесеме одговорноста, бидејќи е историска одговорноста за ова прашање и да го објасниме тоа пред нацијата. Мислам дека треба да се разговара отворено за сите прашања и да видиме ако може да покажеме дополнителна флексибилност тоа да го направиме во рамките на тоа што значи исполнување на стратешките национални интереси. Дали мислите дека сега за Македонија, со оглед на констелацијата Косово, сите турбууленции, дека сепак е НАТО проритет? Честопати ја спомнувам изјавата дека после незавинсоста, НАТО е втората шанса на Република Македонија. Тоа е клучен приоритет што дефинитивно ќе ги отфрли сите сценарија што не пратат по независноста, ќе ја бетонира безбедноста на државата, со самото тоа ќе ја бетонира и демократската перспектива и иднина на самата држава и вклулчително и на регионот. Тие процеси се поврзани. Имаме прогласување на незавинсот на Косово, чин што се очекуваше одамна. Како Македонија имаме чист став кон независноста на Косово. Тоа за нас е прифатлива работа којашто би тебало да биде имплемнтирана со планот на Ахтисари. Тоа е нешто што сме го поддржале и во тој дел не очекуваме поголеми безбедносни ризици. Тоа е едното прашање што требаше да биде завршено. Второто големо прашање за идната интеграција на регионот е самитот во Букурешт и поканата за трите членки. Хрватски и албански колеги кажуваат дека веќе не само за Македонија, туку за групата има само уште едно прашање, а тоа е прашањето со името со Грција и доколку навистина едноставно направиме компарација помеѓу некое име како што е моменталното, коешто е апсолутно понижувачко да ве кажуваат ФИРОМ, или Фиромијанци, или некаков збор пред Република Македонија, мислам дека апсолутно рационалноста ќе го каже своето.