Еленовски на средби во Брисел
15 јуни 2007Реклама
Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски по годишниот состанок на министрите за одбрната на Евроатланскиот партнерски совет изрази надеж дека Македонија успешно ќе ја преброди и последната фаза од процесот на приближување кон НАТО и дека во април наредната година ќе се усогласи политичката одлука за Македонија да добие покана за членство во Алијансата. Еленовски нагласи и дека нема закана од грчко вето за влаз на Македонија во НАТО. На билатералните средби Македонија доби поддршка од страна на Германија, Полска и Романија.
На состанокот во Брисел министрите за одбрана дискутираат и за мисииите на НАТО во Авганистан и Косово како и за американскиот ракетен штит за што не е постигната спогодба.