Еленовски – НАТО
16 јули 2007Реклама
Американската поддршка за интеграција на Македонија во НАТО останува, изјави македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски по разговорите со заменикот помошник секретар за Ирак во Стејт Департментот, Лоренс Батлер и заменикот помошник секретар за одбрана за мултилатерални прашања, Дебра Кеган. Според Еленовски, американската поддршка е една од најзначајните за Македонија пред самитот на НАТО во Букурешт наредната година, на кој земјата најверојатно ќе добие покана за членство во алијансата. По денешните разговори во Скопје, Батлер и Кеган патуваат за Тирана, по што следуваат посети на Сараево и Софија.