1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: Порастот ќе дојде дури в година

ЖА/дв/дпа/ртре3 мај 2013

Европската комисија прогнозира уште подлабоко пропаѓање во рецесија на еврозоната во 2013 година. Дури во 2014 година ќе дојде до подем, изјави Оли Рен. Невработеноста се очекува да расте.

https://p.dw.com/p/18Rcv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Брутодомашниот производ на 17-те земји од еврозоната оваа година ќе се намали на 0,4 проценти, а стопанството само постепено ќе се опоравува во втората половина од годината, соопшти еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен во Брисел. На песимистичката прогноза пред се‘ влијаеа приликите во јужните држави Шпанија, Франција и Италија, истакна тој. Француското стопанство ќе бележи пад од 0,1 процент, додека Шпанија и Италија ќе мора да претрпат минус од околу еден процент.

Во февруари ЕУ се надеваше се‘уште на помало назадување од 0,3 проценти во еврозоната. И проценката за Германија во меѓувреме е поскептична. Прогнозата за економскиот развој е намалена на 0,4 проценти. Европската централна банка вчера поради рецесијата ја намали основната каматна стапка во еврозоната на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти.

Бавно опоравување при висока невработеност

Во однос на идната година службите на ЕУ имаат една добра и една лоша вест: од еднастрана се очекува враќање на курс на раст преку зголемување на брутодомашниот производ од 1,2 проценти во еврозоната. Од другастрана, стапката на невработеност од речиси 12 насто останува, што значително ја кочи потрошувачката.

„Мораме да преземеме се‘ што е неопходно за да ја надминеме кризата со невработеноста“, изјави Оли Рен. За таа цел, мора да биде намалено темпото на разградување на дефицитот во државните буџети. Истовремено, земјите од еврозоната треба да воведат структурни реформи кои ќе го поттикнат развојот. Новото задолжување, гласи прогнозата, оваа година во еврозоната ќе биде под дозволената граница од три проценти која важи според Пактот за стабилност, 2,9 насто. Девет од 17 членки на еврозоната меѓутоа нема да ја достигнат оваа цел. Комисијата за Франција предвидува дефицит од 3,9 проценти за оваа и 4,2 за следната година. Со оглед на економската состојба, втората по големина економија во евро-просторот треба да добие поттик при намалувањето надефицитот“, најави Рен. Франција и Шпанија дури во 2015 година ќе стигнат до границата на дефицит од три проценти.