1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екс-шеф на локалната КГБ - нов претседател на Јужна Осетија

ЕМФ/СН/миа/бета9 април 2012

Изборната комисија во Јужна Осетија го прогласи денеска (09.04) Леонид Тибилов за претседател на отцепената република од Грузија.

https://p.dw.com/p/14ZkD
Леонид ТибиловФотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот шеф на одделението на руската тајна служба КГБ во Јужна Осетија, Леонид Тибилов, победи во вториот круг од претседателските избори со 54,12 проценти освоени гласови, соопшти изборната комисија во оваа сепаратистичка грузиска област, која е призната од страна на Москва. Се очекува стапувањето на должност на новоизбраниот претседател на Јужна Осетија да биде на 21 април. „Ќе ги подобриме односите со Русија во сите области. Наша цел е да го оствариме стариот сон за повторно обединување на Јужна и Северна Осетија“, изјави Тибилов.

Јужна Осетија е призната како независна република од страна на само четири држави Русија, Никарагва, Венецуела и Науру. Јужна Осетија прогласи самостојност од Грузија по кратката војна меѓу Русија и Грузија во 2008 година.

До политички превирања дојде во ноември минатата година, кога е поништена изборната победа на опозициската кандидатка Ала Џиоева, наводно поради бројни нерегуларности, по што Врховниот суд закажа нови претседателски избори за 25 март оваа година, кога беше одржан првиот круг.