1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во Приштина

20 февруари 2007

Три возила на УНМИК беа оштетени во експлозијата која одекна синоќа во Приштина . Косовската полициска служба соопшти дека во експлозијата била предизвикана само материјална штета и нема повредени лица . Косовските власти жестоко го осудија поставувањето експлозивна направа под возилата на УНМИК .

https://p.dw.com/p/Abz7
Приштина
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

Косовскиот премиер Агим Чеку, кој неколку минути по експлозијата излезе на местото на инцидентот, најостро го осуди, како што го нарече “овој криминален акт“: “Вакви акти се вперени против историскиот процес пред кој се наоѓа Косово, меѓутоа извршителите на овие криминални дела треба да знаат дека не можат да го запрат патот на Косово кон независност”- истакна Чеку.

Косовската полициска служба соопшти дека екплозијата се случила точно во 21 часот и 30 минути и во неа, покрај трите возила на УНМИК ,било оштетено и едно приватно возило .

“Засега не можеме да зборуваме за тоа кои се извршителите или пак за евентуалните нивни мотиви. Истрагата е сеуште во тек – изјави портпаролот на Косовската полициска служба, Ветон Ељшани.

Инаку, експлозијата во Приштина се случи неполни два дена пред преговорите во Виена, околу планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Косовскиот вицепремиер Љутви Хазири , кој ќе ја предводи делегацијата на Приштина во Виена, вчера изјави дека за косовската страна предлогот на Ахтисари е во целост позитивен Тој додаде дека косовската делегација оди во Виена да ги изнесе своите забелешки и да побара некои појаснувања на документот .

“Ние ќе побараме дефинирање , појаснување или ќе изнесеме технички забелешки за кои сметаме дека е неопходно да се вградат во документот , за да нема проблеми во неговото остварување”- истакна Хазири.