1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозии во Триполи

ЕМФ/ртр/афп23 август 2013

Во експлозии пред две џамии во Триполи, денеска (23.08) загинаа најмалку 19 луѓе, а повредени се повеќе од 35.

https://p.dw.com/p/19VDs
Фотографија: Reuters

Од безбедносни извори се вели дека едната од експлозиите се случила во близина на станот на премиерот на заминување Наџиб Микати. Тој, како што велат негови соработници, во моментот на експлозијата не се наоѓал во станот. Втората експлозија пак се случила во близина на станот на поранешниот шеф на полицијата Ашра Рифи.

Нападите кои, според претпоставките, биле координирани, се случиле на крајот на петочната молитва пред две џамии во градот, во кој мнозинство се сунитите.

Во Триполи постојано има крвави конфликти меѓу сунитите, кои главно ги поддржуваат бунтовниците во соседна Сирја и алавитите, кои се на страната на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Минатата недела, во предградие на Бејрут, контролирано од шиитски Хезболах, во голема експлозија загинаа 24 луѓе.