1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експерти осудени на затвор поради земјотрес

ЖА/дв/ртре/миа23 октомври 2012

Седуммина италијански научници и експерти се осудени на по шест години затвор поради тоа што не ги предупредиле адекватно граѓаните на опасност од земјотрес во 2009 година во градот Л'Аквила, кога загинаа над 300 лица.

https://p.dw.com/p/16Uo6
Фотографија: AFP/Getty Images

Седуммина италијански експерти, обвинети дека ги потцениле ризиците од разорниот земјотрес во реонот на италијанскиот град Л‘Аквила во 2009. година, се осудени на по шест години затвор за „убиство без предумисла“.

Меѓу обвинетите се наоѓаат најпознатите сеизмолози на Италија. Тие беа членови на Комисијата за оценка и предвидување на ризици од катастрофи и несреќи. Обвинувањето ги товареше за давање неточни, нецелосни и противречни информации. Пред катастрофалниот земјотрес во Л‘Аквила, имаше серија помали потреси, но експертите не издале никакви предупредувања. Според оценката на судот, сеизмолозите биле должни тоа да го направат.

Luftaufnahme-L'Aquila.Zerst.jpg
Во земјотресот од 6 април 2009. година загинаа 300 лица

Одбраната на обвинетите побара тие да бидат ослободени со аргументот дека ниту еден научник не би можел да предвиди земјотрес.

Во земјотресот од 6 април 2009. година загинаа 300 лица, градот беше опустошен и 10.000 лица останаа без покрив над главата.

Комисијата за проценка на ризиците од катастрофи се собра во Л‘Аквила шест дена пред земјотресот без да одлучи дали да се преземаат мерки на претпазливост.