1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експертите скептични околу изборните правила

Александар Чомовски4 април 2006

Партизацијата на изборната комисија не навестува ништо добро,кому да му веруваат партиски неопределените гласачи,прашуваат дел од правните експерти во Македонија

https://p.dw.com/p/Adeb
Фотографија: DW

И натаму се бара личноста за претседател на ДИК.Опозицијата дури в четврток на власта ќе и го соопшти својот кандидат.Ни по вчерашниот телефонски разговор меѓу премиерот Бучковски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски,првиот човек на опозицијата не откри кој од десетината правни експерти,евидентирани од ВМРОДПМНЕ ќе ја води ДИК.Експертите и натаму се скептични околу продолжениот тренд на партиско партиципирање во изборните тела и на следните парламентарни гласања.

-За жал,основната компонента,департизација во изборните органи пак се напушта и мислам дека затоа и Европа пак ќе ни замери на еден или друг начин,особено во ДИК,ако одиме со двотретинско мнозинство,ако одиме на тоа да се избираат професионалци,нема што опозицијата да предлага претседател,заменик или во избирачките одбори да има еден од позиција,еден од опозиција,вели професорот Борче Давитковски,член на Венецијанската комисија за уставно право,што неодамна ги рецензираше новите уставни правила во Македонија.Реакцијата и на професорот од Универзитетот Ван дер Штул,Имер Исмаили е стравот од партиското подаништво,но и незаштитениот интерес на најмалку 60 проценти од електоратот во Макеодниа,кој не е член на ниту една партија.

-Сега доаѓаме до клучниот момент кога никој буквално во оваа држава никому не му верува политички.Имаме сега партизација на орган кој буквално треба да биде непартиски и сега како обичен граѓанин јас се чудам кој ќе ги брани моите интереси во ДИК.

Професорот од Битолскиот универзитет д-р Златко Жоглев вели

дека по новите изборни правила,парламентраните избори треба да се одржат во септември,за подобра подготовка на изборната администрација:

-Ќе треба време луѓето што ќе учествуваат конкретно во изборите,а што ќе бидат условно да речам непартиски,барем декларирани така,секако се подложни на притисоци,никој не треба да има илузии дека нема да има притисоци ,треба да се обезбеди се за тие луѓе колку е можно да бидат заштитени,а според мене тие ќе бидат заштитени доколку ако врз било кој од нив се прават притисоци,за тоа транспарентно да се прозбори.

Комуникологот Климе Бабунски ги коментира аберите од меѓународната заедница кои симболично беа искажани со препораката изборите во Македонија да бидат 110 насто фер и демократски:

-Мене многу повеќе ми се важни проценките не што другите ни ги кажуваат какви треба да ни бидат изборите,туку проценките што овде гласачкото тело верува или очекува,какви може да бидат овде изборите.Мислам дека тука сме во сериозен дефицит.Редица анкети што Институтот за социолошко политички и правни истражувања ги има правено во,пред и по избори се одраз на онаа парола или изрека дека ние во основа не можеме да ги направиме работите како што треба,реагира Бабунски.Овој истражувач на јавното расположение сепак очекува дека во Македонија апстиненцијата на следните парламентрани избори ќе биде во рамките на европскиот просек,не повеќе од 20 до 25 проценти.