Еко-програма тешка две милијарди долари
6 април 2010Третман на отпадоците како алтернативен извор на енергија, завршување на меѓусоседскиот еко-прак Преспа на тримеѓето со Грција и Албанија, како и детален колекторски ситем на Охридското езеро-ова се крупните еколошки проекти издвоени од националната стратегија на Македонија за наредната декада. „За овие зафати ни требаат околу две милјарди долари и мислам дека можеме да ги обезбедиме од разни извори на финансирање и донации“, вели Неџеп Јакупи министер за заштита на човековата околина.
Почитувањето на европската регулатива и директиви за заштита на човековата средина се најкрупните инвестиции на македонскиот пат до ЕУ и кога ќе се биде дел од неа.
Пречистителни станици на реките - приоритет за наредниот период
Пречистителни станици на речните сливови на Вардар, Пчиња, Брегалница, Лепенец, се наведени во приоритетите за наредниот период. „Се надевам дека и Грција ќе се вклучи во финансирањето на пречистителната станица на Вардар, која скоро е договрена и за која постои донација од Швајцарија“, објаснува министерот за екологија.
Наспроти него претседателката на Советот за евроинтеграции е секптична по прашањето, со која брзина ќе се градат речните колекторски системи: „Самиот факт дека од двата зафати за пречистителни одводни ситеми на македонските реки немаат конечно финансико заокружување, покажува дека Владата нема намера наскоро да почне со нивно реализирање, а ние немаме само две реки за такви крупни инвестиции, иако еко-системите се главните приоритети за ЕУ“, вели Шекеринска.
Месното населени и локалните власти против локациите за депонии
Најмалку двеста милиони евра се предвидени за годинашните еколошки вложувања што само македонската влада треба да ги издвои. Ако се иземе орагнизираното складирање на цврстиот отпад и неговото селектирање и рециклирање во скопската депонија Дризла и стартот на Русино како регионален центар за запданиот дел од земјата, сосема е јасно дека за другите шест центри има и отпор кај месното населени и локалните власти не се согласуваат со исцртаните локации во нивните атари. „И ние како Влада не подготвивме терен кај граѓаните од овие краеви да им објасниме дека депониите не се ѓубришта, смет, туку организирани центри за негово прибирање и обработка, што не влијае на загадувањето на населените места“, вели Филип Иванов од министерството за екологија. Тој негира дека Македонија може да се претвори во депонија за опасен материјал, пред се’ од развиените индустриски земји.
Во изградбата на регионалните депонии инаку се предвидува принципот на јавно и приватно партерство, но и тој ги чува во тајност локациите на четири од нив за што веќе има распишано оглас за концесионирање и управување со нив. Иванов вели дека од бизнисот со отпад Македонија може да профитира со околу 150 милиони евра годишно користејќи го како алтернативен извор на енергија.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Александра Трајковска