Wirtschat Nachrichten
29 октомври 2009Невработеноста во Германија неочекувано повторно значително опадна - без работа се околу 3 милиони и 229 илјади луѓе, односно 118 илјади помалку отколку во септември. Стапката на невработеност опадна за 0,3 процентни поени и сега изнесува 7,7 насто.
*************************************************************************
Во моментов не е неопходно покачување на каматата од страна на Европската централна банка, смета Кристијан Нојер, член на Советот на банката и шеф на француската национална банка. Во моментов каматата изнесува еден процент и е на најниско ниво воопшто досега. Нојер проценува дека мора да се задржи политиката на евтин капитал. Во зоната на еврото за наредната година се прогнозира инфлација од 1,2 процента, што е значително под целта на Европската централна банка, инфлацијата да ја одржува на ниво до 2 насто.
************************************************************************
Дојче банк оствари добивка од 1,4 милијарди евра во третиот квартал од годинава, што е три ипол пати повеќе отколку лани во истиот период. Добивката за првите девет месеци од 2009 година изнесува 3,6 милијарди, наспроти ланските 918 милиони, соопшти претпријатието.
************************************************************************
Најголемиот светски хемиски концерн БАСФ годинава очекува значително помал промет и добивка, и покрај стабилизирањето на општите економски услови. Нето-добивката во третиот квартал изнесува 237 милиони евра, што претставува пад од 69 проценти споредено со лани.
И концернот Хенкел со скепса го очекува крајот на годината, и покрај солидните резултати во третиот квартал, кога оствари добивка од 385 милиони евра.
**************************************************************************
Индустриското производство во Јапонија веќе седми месец последовно бележи пораст - во септември беше повисоко за 1,4 насто во споредба со август. Јапонското е второ најголемо стопанство во светот.
Автор: Ролф Венкел/Моника Ломилер/Зоран Јордановски
Редактор: Жана Ацеска