1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економскиот манифест потпишан во Скопје

24 август 2006

Денеска беше потпишан економскиот манифест преку кој мандатарот Груевски бара од партнерите почитување на економските владини приоритети.

https://p.dw.com/p/Adcf
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Министрите на досегашниот премиер Бучковски денеска ја одржаа последната владина седница во Скопје. На дневниот ред, разбирливо, немаше донесување на важни одлуки туку со ручек ја заокружија неколкугодишната работа. И додека други веќе ги анализираат нивните резултати, наследници во министерските фотељите, денеска со потпис на економски манифест се обврзаа да ги почитува економските владини приоритети. Ова од своите партнери го побара мандатарот Груевски. На листата се: обезбедување услови за зголемени странски инвестиции, намалување на невработеноста, јакнење на правата на сопственост и поголема социјална сигурност.

Акценти од манифестот прочита актерот Сенко Велинов: „Економскиот развој бара инвестиции и зголемување на конкурентноста на домашните фирми. Економската програма на владата предвидува конкретни мерки и чекори за подобрување на инвестиционата клима, подигнување на квалитетот на јавните услуги, поголеми вложувања во јавната инфраструктура и привлекување на странски инвестивции. Ќе им подадеме рака на сите влијателни и способни македонски државјани од дијаспората, кои се подготвени да иневстираат во земјата за да биде конкуретна. Тоа значи поголеми вложувања во технолошкиот развој и иновации. Ќе спроведеме масовна компјутеризација на Македонија во која ќе бидат вклучени образованието, судството, царината, здравството и ќе се ангажираме во насока на технолошко осовременување на целата земја. Корупцијата е силна кочница на економскиот развој. Нашата определба е нулта толеранција за корупцијата на сите нивоа.“