1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економија на споделување- нов тренд во светот

Тобиас Елмајер/Борис Георгиевски3 декември 2012

Овој тренд веќе го следат земјоделци, туристи, возачи, но и големи компании. Се дели се’: станови, автомобили, машини... Интернетот ги олеснува споделувањето и размената, а корисници има се’ повеќе.

https://p.dw.com/p/16uqv
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Имавме дури и поглед на море“, одушевено раскажува Томас Колман. Овој новинар во ДВ досега веќе неколку пати го менувал својот стан во Келн за стан во странство. Четири недели во јужна Италија во приватен стан наместо во стандардна хотелска соба. И сето за само 140 евра, колку што чини членството на порталот homelink.de специјализиран за приватни размени на станови и куќи. Колман со своето семејство на тој начин веќе престојувал во Калифорнија и во Франција.

Брита Мајер и нејзиниот сопруг делат автомобил со една пријателка.

„Тоа е едноставно фантастично“, вели Мајер. Таа веќе извесно време ги користела услугите и на професионален посредник за ткн. carsharing (споделување на автомобили), но вели дека тоа била прескапа опција доколку сакате автомобилот да го задржите и за подолги патувања. Сега нејзината пријателка го вози автомобилот само преку недела, а таа и нејзиниот сопруг го користат за викенд.

Bildergalerie Der Eiffelturm in Zahlen
Со размена на станови е поефтино да се прошета светотФотографија: Fotolia/XtravaganT

Трендот го преземаат и компаниите

Томас Колман и Брита Мајер веќе одамна не се поединечни случаи. Бидејќи ваквите размени се се’ почести. Тоа е особено интересно кога станува збор за компании, вели Михаел Кунт, директор на Институтот за истражување на потрошувачката.

„Фирмите често имаат машини кои не го користат често. Зошто тогаш да не ги делат со други и така да ги намалат трошоците?“

За еден земјоделец купувањето на комбајн е финансиски тешко изводливо, но доколку се здружи со неколку соседни имоти, тогаш се е можно. Статистички погледнато и една „бор-машина“ се користи просечно 13 минути во текот на нејзиниот работен век. Па зошто тогаш сите треба да имаат по една? Конечно и автомобилите по 23 часа во денот минуваат на паркинг.

Трендот на делење и размена во Европа стигна од САД и Австралија. Според проценките на Михаел Кунт, во Германија во меѓувреме околу 200 компании ги нудат своите услуги на тоа поле. Секако, сето би било далеку потешко изводливо без интернетот. На почетокот на 2011 година во Германија имало 190 илјади регистрирани корисници на тие услуги. Во праксата за тој тренд веќе се вдоми името „shareconomy".

Хотелиерите не се задоволни

Но, има и такви кои на трендот не гледаат позитивно. Здружението на хотелиери на Германија соопшти дека се загрижени поради растот на можноста за размена на станови. Директорот на здружението Маркус Луте предупредува дека размената на станови е поврзана и со одредени ризици:
„Кај голем дел од тие понуди не се почитуваат безбедносните и хигиенските стандарди кои важат за хотелите, мотелите и другите организирани преноќувалишта. Често нема апарати за гаснење пожар и излези во случај на опасност“. Освен тоа, вели Луте, прашање е дали тие услуги се оданочуваат?

Autoverleih für Stadtbahnfahrer Car sharing
Фотографија: DPA

Без оглед на забелешките, на следниот саем на информатичка технологија CeBit 2013 главна тема ќе биде токму „shareconomy". Тоа со интернетот би требало да биде уште поедноставно- тоа е основната идеја на организаторите на саемот.

Бројот на оние кои сакаат да делат и да разменуваат е се поголем, но целата идеја е се уште во самиот зачеток.