1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екологистите не се задоволни од заклучоците за климата

12 декември 2011

Резулатите на климатската конференција во јужноафриканскиот град Дурбан наидоа на поделено ехо.

https://p.dw.com/p/13Qx0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и германската влада, соопштија дека заклучоците од конференцијата за климата во Дурбан имаат улога на патоказ во борбата против промената на климата. Еколошките организации како Гринпис, но и научниците, напротив, ги критикуваат одлуките како недоволни и несоодветни за постигнување на целта за намалување на затоплувањето на климата за два степена.

На вчера завршената конференција, на која учествуваа 194 држави по долги натегања беше договорено до 2015 да биде постигнат нов договор за намалување на емисијата штетни гасови. Договорот би требало да биде ратификуван во земјите-членки до 2020 година, а за да не настане вакуум, постојниот Кјото-протокол, кој истекува во 2012 година, да биде продолжен. На конференцијата не беа договорени конкретни мерки за редукција на емитувањето штетни гасови во атмосферата.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дв

Редактор: Александра Трајковска