1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еквадорскиот претседател е сигурен во победа

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlVi

Еквадорскиот претседател, Рафаел Кореа, смета дека неговиот политички камп, кој е лево-ориентиран, победил на изборите за основачкото собрание кое треба да донесе нов устав во земјата. Според Кореа, во собранието од вкупно 130 места, неговиот камп добил 80 места. Официјалните резултати се очекуваат дури за три недели. Претседателот од собранието очекува да го распушти парламентот, кој според Кореа е корумпиран. Освен тоа, во рок од половина година треба да биде подготвен нов устав во земјата, за кој би требало да се гласа на референдум.