1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една од најтешките македонски битки

Александар Чомовски18 март 2008

Македонскиот премиер, Никола Груевски, по преговорите за името, изјави дека сите треба да се концентрираат да не се загуби битката за името, а да се направи и се‘ што е можно за да се добие членството во НАТО.

https://p.dw.com/p/DQih
Никола ГруевскиФотографија: DW/MIA

На партиска трибина во Радовиш, македонскиот премиер, Никола Груевски, синоќа рекол: „Влеговме во една неизвесност, во една борба и надеж дека ќе се успее во напорите за влез во НАТО и зачувување на уставното име. Тоа е една од најтешките борби во историјата на Македонија“.

Според груевски, Македонија во моментов е уценета и тоа соседите не го кријат, но дека Македонија има сојузници и партнери кои имаат интерес алијансата да се прошири.

Што мислат новинарите во Македонија за преговорите во Виена и најновите предлози на медијаторот, Метју Нимиц?