1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една година по повлекувањето од појасот Газа

12 септември 2006

Една година по повлекувањето на Израел од појасот на Газа расте притисокот врз владата на Ехуд Олмерт да се почнат нови преговори со палестинскотот водство. Но повеќе од кога и да е досега насилството и сиромаштијата го диктираат животот на Палестинците на тесното копно на средозеноморскиот брег. Особено по победата на радикално исламистичкиот Хамас на изборите на почетокот на годината Палестинците под

https://p.dw.com/p/AdxR
Протести во Палестина
Протести во ПалестинаФотографија: AP

�аднаа во уште поголема изолација.

Големата коалиција на израелскиот премиер Ехуд Олмерт е на пат да изведе промени: По искуствата во појасот на Газа и Либан не може да се мисли на еднострано повлекување од Западниот брег, сметаше заменикот на Олмерт, Шимон Перес. Но токму тоа беше една од централните точки во владината програма на ова голема коалиција. На повлекувањето од појасот на Газа кое го нареди претходникот на Олмерт, Ариел Шарон, требаше да следи повлекување од Западниот брег. Ако е неопходно

како и во појасот Газа - без соработка или координација со Палестинците и со јасна цел, долгорочно да се одделат Израелците и Палестинците, за да можат и едните и другите ако не во мир тогаш барем мирно да живеат без директен контакт.

Една година по повлекувањето од појасот на Газа ваквите концепти станаа илузија на израелската безбедносна стратегија. Со активна мировна политика никогаш немале контакт. Имено Израел сакаше самиот да го постигне она што на друго место води по патот на преговори и меѓусебни договри: да донесе јасни регулативи, да повлече конечни демаркациони линии и граници, без да се осигураат интересите и потребите на Палестинците – особено нивното барање за сопствена држава.

Токму на оваа точка се однесуваше главниот протест на Палестинците и беше нивната судбоносна грешка: наместо да го земат она што Израел беше подготвен да им го даде, Палестинците се залагаа за тоа, дека едностраното повлекување од Газа не било прифатливо, бидеќи претходно ја утврдува конечната граница и се прави обид Палестинската држава по можност да се рецудира само на појасот Газа.

Неспособноста и неподготвеноста на Палестинците, да се спријателат со една ваква регулатива одеше рака под рака со заострување на напнатоста меѓу ПЛО и Хамас кој се повеќе добиваше во моќ и влијание, и кој со своето безкомпромисно одбивање на постоењето на државата Израел претставуава и сериозна пречка на патот кон постигнување спогодба меѓу Израелците и Палестинците.

Лошото водење на економијата и префрлувањата за корупција придонесоа ПЛО на првите парламентарни избори во десет години да ја изгуби власта и Хамас како најсилна партија ја доби можноста да формира влада. Во Израел веднаш се прошири сомнежот дека со повлекувањето од појасот на Газа, половина година претходно е направена решка.

Кај меѓународната заедница постојано постоеше заложбата за спорведување на демократските процеси но едни демократски и слободни избори на власт донесоа група која не сака да се приодржува до веќе склучените спогодби. Хамас беше и е одговорен за редица терористички напади и затоа во ЕУ и САД се смета за организиација која го поддржува тероризмот. Се запре помошта за Палестинците. Но грабнувањето на израелскиот војник и новото ракетирање на изралески места, од Газа повротрно направија окупирана и борбена територија. Голем дел од членовите на владата на Хамас се уапсени во Израел, штетите на инфраструктурата се големи, а политичкото приближување меѓу Хамас и палестинскиот претседател Абас сеуште нема конкретни резултати.

Една година по повлекувањето на Израел од појасот на Газа ситуацијата таму е полоша отколку порано. За двете страни.