1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

260609 Michael Jackson Tod

25 јуни 2010

Американскиот пејач Мајкл Џексон, почина во Лос Анџелес, пред точно една година, на 50-годишна возраст. Му откажа срцето. Обидите за реанимација биле неуспешни.

https://p.dw.com/p/IbVk
Мајкл ЏексонФотографија: AP

Крајот на кариерата самонаречениот „крал на поп-музиката“ поинаку си го замислуваше: и покрај сите гласини за нарушено здравје, Мајкл Џексон имаше намера да се врати на големата сцена и вети серија концерти во Лондон.

„Тие, во Лондон ќе бидат моите последни шоу-настапи. Тоа ќе биде крајот. Кога го велам ова, така и мислам! Ќе ги пејам песните што моите љубители сакаат да ги слушнат“, најави Џексон.

Michael Jackson
Имаше намера да се врати на големата сценаФотографија: AP

Тука, пред се’, спаѓаат хитовите од осумдесетите години на минатиот век, како „“Били Џин“ или „Трилер“. Албумот под тоа име од 1982 година е комерцијално најуспешниот музички албум на сите времиња со 65 милиони продадени примероци. Мајл Џексон, севкупно, продаде околу 750 милиони музички албуми ширум светот. Незаборавен останува и неговиот невообичаен стил на танцување на сцената „мунвок“.

Ѕвезда од „мали нозе“

Mајкл Џозеф Џексон ја започна кариерата уште како ученик. Веќе во 1970 година Мајкл и неговите браќа во групата „Џексон фајв“ имаа повеќе хитови на првото место на американските топ-листи, како „Еј-Би-Си“ или „Ајл би дер“. Под строгата рака на татко им Џо Џексон, децата беа насочувани да бидат шоу-ѕвезди и подоцна Мајкл раскажуваше за своето тажно детство.

Michael Jackson
Џексон беше популарен уште како детеФотографија: AP

Мајкл Џексон доби безбројни музички признанија во кариерата, меѓу нив и 13 „Греми“. Но, не беше во фокусот само со својата музика, туку и со значителната промена на својот изглед. Кожата му стана бела, носот мал. Тој, сепак, оспоруваше дека се подложувал на естетски хируршки операции.

Скандали и судски процеси

Trauer um Michael Jackson
Тага по починатата ѕвездаФотографија: AP

Во 1993 изби големиот скандал за можна злоупотреба на малолетници од страна на Мајкл Џексон. Со исплата на милионски обесштетувања, Џексон постигна пресврт во процесот. Ситуацијата му се повтори во 2005, кога на виделина беа изнесени и најинтимни подробности од приватниот живот на поп-ѕвездата. Откако беше ослободен, тој се повлече за да собере сила за нови проекти. Но, наместо камбек-концерти, сега милиони негови љубители во цел свет тагуваат по ексцентричната ѕвезда. Џексон беше два пати женет - прво со ќерката на Елвис Присли, и остави зад себе три деца.


Автор: Сузане Хен / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска